Илјадници луѓе денеска се собраа на Парадата на гордоста во Ерусалим, која ја предводеа роднините на заложниците заточени во Појасот Газа.
Учесниците на Парадата на гордоста скандираа „Сите тие, сега!“, повикувајќи на договор за заложниците со кој би се ослободиле сите што беа киднапирани од палестинските екстремисти за време на терористичкиот напад на 7 октомври врз јужен Израел.
На чело на колоната бил поставен транспарент со натпис на англиски јазик „Born to be free“ (Роден да биде салободен).
Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид им се обрати на насобраните пред почетокот на парадата, велејќи дека дошол да ги потсети дека „љубовта, надежта и гордоста ќе победат“.
– Ниту една група никогаш не ги освоила своите права без борба, ниту жените, ниту црнците, ниту Евреите, ниту ЛГБТ луѓето, додаде Лапид.
Пред колоната да тргне кон Паркот на независноста, пристигнал ултрадесничарот Итамар Бен Гвир, министер за национална безбедност, кој бил пречекан со извици на негодување. Бен Гвир им рече на новинарите дека дошол да види „дали се одржува јавниот ред“.
Парадата на гордоста во Тел Авив, која привлекува многу повеќе учесници од странство, годинава нема да се одржи поради војната во Појасот Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.