Францускиот дефанзивец Бенжамин Павар се осврна на победата над Австралија (4:1) на натпреварот од Светското првенство во 2022 година.

Видовме дека Аргентина имаше тешкотии со Саудиска Арабија. Не сакавме да бидеме во иста ситуација. Игравме добро, играчите беа смирени дури и кога губевме, изјави Павар за „ГФФН“.

Француската селекција е водечка во групата Д по 1.коло со 3 бода, Данска и Тунис имаат по 1 бод, Австралија е последна без ниту еден бод.

Следниот натпревар францускиот тим го игра на 26 ноември против Данска, а Австралијците истиот ден ќе се сретнат со Тунис



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.