Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра за Украина во рамките на механизмот на Европската унија за Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на објава на украинскиот премиер Денис Шмихал на „Телеграм“.
„Европската комисија одобри исплата на 4,1 милијарди евра на Украина во рамките на Украинскиот механизам. ЕК даде позитивна оценка за реформите и истакна дека владата ги исполнила потребните индикатори за да ја добие оваа транша. Очекуваме брзо одобрување на одлуката од страна на Советот на Европската Унија. Со тоа, вкупната поддршка во рамките на Механизмот за Украина оваа година ќе достигне 16,1 милијарда евра“, напиша Шмихал.
Тој изрази благодарност за непоколебливата поддршка на ЕУ за Киев. Нагласи дека и покрај тековната војна со Русија, Украина останува посветена на реформите и трансформацијата, насочени кон зајакнување на нејзината европска интеграција и напредок кон полноправно членство во Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.