Украинскиот конфликт го исцрпи буџетот на Европската унија, објави Европската комисија во објава на социјалната мрежа „Х“.
Конфликтот во Украина и инфлацијата ги исцрпија резервите на долгорочниот буџет на ЕУ. На Европската унија и се потребни повеќе средства за да може да одговори на кризи, се наведува во соопштението.
Како што претходно најави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ЕК го ревидираше повеќегодишниот буџет на ЕУ за периодот од 2024 до 2027 година и им предложи на земјите да го зголемат за 66 милијарди евра – за помош за Украина, спроведувањето на програмите за миграција и бегалци и зајакнување на конкурентноста на Унијата.
Од нив се предлага да се издвојат 50 милијарди евра во форма на грантови и заеми за финансиска помош за Украина во следните четири години.
Сепак, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека овој предлог е несериозен, бидејќи не се знае каде завршиле парите што се префрлени во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.