Во април годинава, во Македонија се евидентирани 69.934 туристи, од кои 25.8 % се домашни, а 74.2 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата изнесува 130.702, од кои 28.4 % се од домашните туристи, а 71.6 % од странските. Од странските туристи најбројни биле Турците, по кои следуваат Србите и Грците.

Ако се спореди периодот јануари – април оваа година, со истиот период лани се бележи раст од 24,3 насто кај бројот на туристите. Кај странците има зголемување за 46,1 процент, додека кај домашните туристи е забележано намалување за 3,6 отсто.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот очекуваат годинава да се надмине бројката од 3,3 милиони ноќевања и 500 милиони долари промет од туристичкиот сектор во македонската економија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.