Слаб  интерес за струмичкиот бостан оваа сезона. Производителите се жалат на лош пласман и цени кои се под секоја пазарна логика.  На пазарот на големо во Колешино лубениците се продаваат по цена  од 1 до 2 денари за килограм. За една тракторска приколка, во зависност од големината,  трговците нуделе од 1000 до 5000 денари. сума која според земјоделците е доволна само  за два вреќи вештачко ѓубре.

Разочарани од ваквата состојба, производителите размислуваат од идната година    целосно  да се откажат од земјоделието.

Ниските цени и лошиот пласман не се единствените проблеми со кои се соочија производителите на бостан оваа година.  Пред околу месец половина тие претрпеа и дополнителни штети од невремето со град што го зафати овој регион во кое најмногу страдаше токму производството со бостан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.