Заради криминалната влада и АД ЕЛЕМ граѓаните плаќаат 250 милиони евра за увоз на струја, која порано била произведувана во Македонија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во изминативе 2 години произведуваме по еден терават часови струја помалку годишно. Таа струја наместо од домашно производство како во време на ВМРО-ДПМНЕ, сега ја увезуваме. Годишно за набавка на еден терават часови струја се троши и до 250 милиони евра. Тоа се пари кои се одлеваат од државата во форма на девизи.
Доколку власта работеше на полето на енергетиката, тие 250 милиони евра наместо на увоз на скапа струја, ќе можеа да се инвестираат во нови енергетски капацитети во државата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека со сегашната пракса на работа, т.е., како што велат, неработа и крадење, енергетскиот систем колабира, а се помало е производството на домашна струја.
На среден до долг рок тоа ќе значи целосна енергетска зависност ма државата од увоз на струја, и неизвесност за домаќинствата и стопанството, кои наместо од домашни извори ќе се снабдуваат од странски пазари на струја, која е поскапа.
СДСМ нема план за енергетиката. Со СДСМ само тонеме. Потребни се предвремени парламентарни избори што побрзо. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на енергетиката и на што е можно поголемо домашно производство и нови енергетски капацитети – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.