Физичките лица целосно ќе бидат обесштетени, освен оние лица кои имале повластени каматни стапки и тие, исто како и правните лица, ќе бидат делумно обесштетени, информира адвокатот на оштетените штедачи на Еуростандард банка Љупчо Кузмановски.

Кузмановски информира дека е завршена постапката за определување на доверителите и редоследот на доверители и нивното обесштетување.

Фондот за осигурување на депозити останува доверител, но се направи и промена на редоследот на доверители. Тоа што банките, државата кои имаа предност како доверители пред граѓаните не е фер и тоа сега е променето, вели Кузмановски во Утрински брифинг.

Штедачи или граѓани со трансакциски сметки се околу 600 до 700 луѓе, а привилегирани имало многу малку.

Планот за распределбата на средствата е потврден од Апелацискиот суд и деновиве се очекува да започне обесштетувањето на штедачите. Лично очекував поголема реакција од правните лица, но имаше само 3 или 4 жалби освен онаа на Фондот. Веројатно станува збор за помли депозити на правните лица, вели Кузмановски за Утрински брифинг.

Статусот на случајот со Еуростандард е уште ист, банката е во стечај и ќе оди на ликвидација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.