Во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција акциите запленети од предметот „Империја“ кои се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков, објави РСЕ.
Акциите денеска ќе бидат ставени за тргување на Македонската берза за хартии од вредност по принципот „се или ништо“.
Тоа значи акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комбинат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нив сегашен сопственик е Агенцијата за конфискуван имот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.