Претседателката на ЛДП и дел од коалицијата за Европска иднина, Моника Зајкова денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 порача дека иселувањето е глобален проблем.

Според неа, не треба да се собираат политички поени од тоа.

„Иселувањето на младите е повеќедецениски проблем и ние тој тренд го гледаме не само во Македонија, туку и во земјите од регионот. Една Хрватска која што е во Европска Унија, исто така се соочува со истиот проблем, меѓутоа од ова прашање не треба да собираме политички поени, но треба да навлеземе во коренот бидејќи не засега сите, не само младите кои се иселуваат поради подобар квалитет на живот или заради тоа што сакаат да бидат поконкурентни на поширок пазар на труд, но и оние кои што остануваме дома и ја губиме работноспособната сила, така што сите треба да работиме на тоа како да ги задржиме тука“, порача Зајкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.