Компанијата Гугл објави дека ќе воспостави своја инфраструктура за услуги во облак (cloud services) во Грција, давајќи ѝ поттик на оваа земја во обидите да стане светски технолошки центар.
Како што јави Ројтерс од Грција, договорот предвидува инвестиции од 2,2 милијарди евра и отворање околу 20.000 работни места до 2030 година, кажа вчера грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Пред две години, и Мајкрософт најави дека ќе гради три центри за податоци во областа на Атина, во инвестиција вредна една милијарда долари.
Како што беше кажано, новата инвестиција ќе им овозможи на организациите подобро да ги користат нивните податоци и ќе ја зголеми безбедноста на корисниците од сајберзаканите.
Клауд одделот на Амазон исто така ја отвори својата прва канцеларија во Грција лани.
„Тоа е веста од Грција, а како што е објавувано, бившиот премиер Зоран Заев во налетот на лесни (и лажни) ветувања со неговото доаѓање на власт со СДСМ цврсто ветуваше дека погоре споменатите светски ИТ компании ќе вложуваат во Македонија откако ќе го смениме името.
И име сменивме и Заев веќе не е премиер, а од големите светски инвестиции не стигнаа. Всушност Заев лошо проценил територија, инвестициите стигнаа, ама не во Македонија, туку во близина на Македонија, во соседна Грција“ – анализира Денешен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.