За утре е најавена блокада на регионалниот пат Битола – Кичево, пред с. Сопотница.
На местото најавен е и протест кој ќе започне во 12 часот, а се очекува да заврши во 14 часот.
Според информациите, на протестот се поканети и директорот на Македонија Пат, Костадин Ацески, директорот на ЈП „Македонски патишта“ – Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски – Благој Бочварски.
Протест се одржа и пред неколку дена каде граѓаните побараа итна и целосна реконструкција на овој патен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.