Решенијата за наплата на данок на имот на граѓаните кои не живеат во Охрид, но имаат станови е три пати зголемена. Од општина Охрид за Алфа телевизија појаснуваат дека измената на законотза даноци на имот е изгласана во Парламентот на 7-ми јули 2021-со примена на истата од 1-ви јануари 2022-ра.

Законот ја направи таа измена да се зголеми не стапката, туку сумата практично за три пати повеќе да се плаќа данок на имот за стан во кој што не се живее, или имот кој го поседувате а сте надвор од општина Охрид,популарно кажано во народот се брои како луксуз таквиот имот нели, вели Томе Џамтоски портпарол на Општина Охрид за Алфа телевизија

Од општина Охрид потенцираат дека во градот има од 10 до12.000 станови кои во текот на годината се празни. За да докажат дека не ги издаваат на други, сега ќе мора да приложат документ заверен на нотар, само така ќе се спасат од високите давачки на данок на имот. Туристичките работници се децидни- во општинската каса фалат најмалку 300.000 евра годишно, пари кои би се обезбедиле од наплата на туристичка такса која сега не ја плаќаат оти становите кои преку лето ги издаваат, никаде не се евидентирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.