Директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми денеска информира дека кон „Бехтел и Енка“ досега се исплатени околу 167 милиони евра.

Според Рустеми, моментно се вршат геомеханичките испитувања, а за проектирање на трасите ќе бидат ангажирани сите расположливи капацитети во државата.

Се подготвуваат, нагласи, и елаборатите за експропријација.

Продолжуваме со плаќањето кон „Бехтел и Енка“, според Договорот што го имаме потпишано и според финансиската програма одобрена од Владата. Досега се исплатени околу 167 милиони евра за мобилизација и авансно плаќање за коридорот 8 и коридорот 10д. Моментно се вршат геомеханичките испитувања на делниците Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Кичево. Се подготвуваат и елаборатите за експропријација. Денеска или утре ќе бидат одобрени и сите проектантни за проектирање на сите траси и патните коридори. Сакам да ја информирам јавноста дека сите капацитети во државата кои проектираат ќе бидат ангажирани. Ќе продолжиме најверојатно следната недела да доставиме барање до Министерството за транспорт за патните коридори. По добиеното одобрување ќе почнеме и со експропријацијата, а потоа и со градежните работи – истакна Рустеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.