5.5 милијарди за расипништво, криминал и корупција во 2024, затоа СДС одолговлекува избори колку може повеќе.Ковачевски, СДС и ДУИ за 2024 година проектирале 5.5 милијарди евра за буџет, што е цели 2 милијарди повеќе од буџетот во 2018 година.Буџетот за 2024 е напумпан, и како и до сега не носи развој, туку криминал и корупција, набројува ВМРО-ДПМНЕ
Од 2018 година до денес власта потроши 25 милијарди евра низ буџети, и ништо ново не направи. Македонија стагнира на секое поле, нема учебници за учениците, нема лекови за болните, нема покачување на пензиите за пензионерите.6 години нема еден готов автопат. Кичево – Охрид е во застој, Скопје – Блаце не е ниту почнат.
Каде се трошат милијардите евра од буџетите 6 години по ред, прашува опозицијата.
Очигледно е дека наместо кај граѓаните, парите завршуваат кај криминалците, затоа и власта се обидува да купи ден повеќе власт во 2024 година, за да продолжи со криминалот и корупцијата до последен ден. Потребни се итни промени, за грабежот да запре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.