АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произвела 11.446 мегават часови електрична енергија.

Како што информираат од Владата, во термоелектраните се произведени 8.092 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци“ 3.354 мегават часови струја.

АД ЕСМ на 04.11.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените домашни капацитети, се вели во соопштението на владината прес-служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.