Во вечерашната емисија на Алфа Телевизија претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека СДСМ го зголемила бројот на вработувања во државната управа за 30 илјади повеќе, додека ВМРО-ДПМНЕ го намали за 26 илјади.
„Успехот на тие економски политики се гледа во креирањето на нови работни места, БДП и јавниот долг, менаџирањето. Во тие 10 години таа влада, на ВМРО-ДПМНЕ да креира околу 180 илјади работни места во приватниот сектор. Значи 18 илјади нови работни места, во приватниот сектор годишно. Оваа Влада што требаше живот да донесе најпрвин на Зоран Заев, а сега и на Димитар Ковачевски, во овие четири години 18,19,20 ,21 успеала да креира во приватниот сектор само 24 илјади работни места , или 6 000, или три пати помалку од претходната Влада и внимавајте имаше две сериозни кризи како што беше должничко доверителската и финансиска што по сите параметри беа многу посилни отколку ковид пандемијата. Внимавајте имаат креирано околу 30 илјади работни места во јавниот сектор, нели велеа ќе ја намалуваат администрацијата.“ нагласи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ истакна дека СДСМ вработила 30 илјади партиски војници во јавниот сектор.
„Во овие четири години тие вработиле 30 илјади партиски војници во јавниот сектор. И само 24 илјади во приватниот сектор. Односно три пати помалку одколку претходните со 180 илјади работни места, односно 18 илјади просечно годишно“ заклучи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.