Вучиќ преговара со 92 инвеститори, ДУИ-СДСМ Владата со нула, потенцира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој пред неколку дена беше во посета на Кина, каде договори нова фабрика, слободна трговија и авиолинија, вчера во интервју за ТВ Хепи откри дека во моментот се преговора со 92 инвеститори за вложување во Србија, а вкупната вредност на тие инвестиции е 7,3 милијарди евра.
Тое е повеќе од 35.000 нови работни места, потенцираше тој и вети дека платите во Србија ќе растат побргу од платите во развиените земји, а тоа ќе значи и враќање на многу потребните занаетчии и мајстори од странство дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.