За утре и во петок закажавме од 10 до 12 предупревачки прекин во работниот процес. Го крстивме на тој начин за да покажеме дека администрацијата и правосудството се тука, иако се игнорирани во последните години. Како вработени сме оставени на цедило и заборавени. Од цел јавен сектор, скоро сите добиваа големи зголемувања на платите, освен во управата и правосудството. Последното зголемување беше од 5% во 2018, вели Трпе Деаноски од УПОЗ во пресрет на најавениот штрајк.

Според него, платите се сите под просекот на државата.

Раководител на одделение моментално е под просекот во државата, минималната плата на референтните не се исплати, скоро никој не доби 18.000, а согласно законите за платите, тоа не смее да се случи. Ете тоа се случува кај нас, рече Деаноски.

Тој посочува дека Законот за минимална плата важи за сите вработени.

Единствени кои земаа под минимална плата беа државните службеници. Тоа важи и сега. Министерството за финансии самото на своите вработени им исплати плата под минималната. Не може државата сама на себе да не дава минимална плата, а да ги казнува работодавачите од приватниот сектор, додава Деаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.