Вработени во Министерството за финансии бараат веднаш да се започне со исплата на додатокот на плата во висина од 30 отсто за сите вработени, согласно член 9 од Законот за извршување на буџет, согласно уредбата објавена во Службен весник, од причина како што нагласуваат, сите тие ги исполнуваат условите, имаат зголемен обем на работа и сложеност во постапките.

Во врска со доставувањето на Колективниот договор во Министерството за финансии со кое баравме да го потпише почитуваниот министер Фатмир Бесими, а кој се однесува на зголемување на платите за 30 отсто за сите вработени во Министерството и за органите во состав, информираме дека во зададениот рок до 12 февруари, немаме никаква информација дали е потпишан, ако не е, да ни се образложи од кои причини, нагласуваат тие во писмениот допис до МИА.

Протести и штрајкови најави во петокот, Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.