Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира ресорниот министер Крешник Бектеши.

Одлуката за цените на пелетите и огревното дрво е донесена согласно анализите и предлозите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми. Во анализите за октомври просечната увозна цена за тон пелети е 22.940 денари, а цената која ја замрзнавме е 27.000 илјади денари по тон, рече Бектеши на средба со новинарите.

Како што посочи Бектеши, во замрзнатата цена се предвидени трошоците за ДДВ и транспорт, како и одредена маржа за трговците.

Има разлика од повеќе од 4.000 денари по тон што сметам дека е солидна разлика за трговците да не се во загуба и да ги покријат сите режиски трошоци, прецизира Бектеши.

Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.