Во првите 11 месеци од минатата година од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 471,881 милијарди денари или 7,664 милијарди евра, односно 8,278 милијарди американски долари што е пораст од 0,1 отсто во однос на истиот период од претходната година. Во истиот период во земјава се увезени стоки во вредност од 627,225 милијарди денари или 10,187 милијарди евра, односно 11,006 милијарди американски долари што е за 8,4 помалку во споредба со првите 11 месеци од 2022 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во првите 11 месеци од 2023 година, изнесува 155,344 милијарди денари или 2,523 милијарди евра, односно 2,727 милијарди американски долари, а покриеноста на увозот со извоз е 75,2 отсто.
Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во првите 11 месеци од минатата година земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.