Мислам дека до вечер ќе бидат финализирани мерките за најранливите категории граѓани и дека до понеделник ќе се најават, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговорајќи на новинарски прашања по настанот за потпишување договор за спонзорство меѓу М -ТЕЛ и КК Работнички, Ковачевски најави дека во понеделник ќе биде пуштен во употреба уште еден енергетски капацитет.

-Во понеделник ќе има пуштање во употреба на уште едне производствен енергетски капацитет. Верувам дека во мојот досегашен мандат од девет – десет месеци ќе имаме скоро еднакво инсталирана моќност на нови производствени капацитети на електрична енергија колку што биле инсталирани во последните 30 години, истакна Ковачевски.

Тој повтори и дека ова е време на солидарност, кога мора сите да помогнат за полесно пребродување на кризата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.