Од почетокот на годинава до денес, 37 занаетчии во Охрид ги затвориле дуќаните, објави Телевизија Алфа. Причината лежи во економската криза и превисоките сметки за струја, велат од регионалната занаетчиска комора.

Да згаснуваат занаети вака драстично и во олку голем обем не се случило никогаш до сега, но повеќе не е издржливо да се работи. Поголемиот број занаетчии не можат да ја покријат потршувачката кошница со прометот кој го остваруваат во текот на еден месец. Ние сме ситни занаетчии, самостојни вршители на дејност, самовработени и за нас во прв ред сметките за стуја се превисоки. Од Владата побаравме помош уште од крајот на месец август, но одговор велат нема.

Побаравме од Влада, испративиме допис да се стави некоја ставка барем онолку колку што плаќаат домаќинствата, да не сме на индустриска струја. Самиот збор индустриска поврзано со занаетчиство нема никаква врска, значи ние сме занаетчии, не сме индустријалци. Првичниот одговор беше од Владата примено е вашето барање и доставено до таму и таму, од таму и таму е доставено до таму и таму и ние сега чекаме да видиме до каде е стигнато нашето барање“ – рече Сашо Богоески, потпретседател на занаетчиска комора на Македонија.

За време на корона пандемијата Владата не залажуваше со тоа што добивме по некоја плата, за потоа на одреден број знаетчии да им биде побарано да ги вратат парите назад, но и преку тоа преминаваме, се крпаревме некако, но сега веќе не можеме, огорчени се занаетчиите.

Целиот текст прочитајте го ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.