За 23 дена во ноември АД ЕСМ (поранешно АД ЕЛЕМ) потрошило околу 23.000.000 евра за увоз на струја, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека дневно се трошеле по 1.000.000 евра само за увоз на струја.
Да ги видиме фактите!
- За периодот од 7ми до 13ти ноември увезени се вкупно 16.800MWh струја по вкупна цена од 3.614.440€.
- За периодот од 14ти до 20ти ноември увезени се вкупно 21.770MWh струја по вкупна цена од 5.414.528€.
- За ден 18ти ноември увезени се вкупно 3.600MWh струја по вкупна цена од 904.075€.
- За периодот од 21ви до 27ми ноември увезени се вкупно 32.060MWh струја по вкупна цена од 8.009.093€.
- За периодот од 28ми до 30ти ноември увезени се вкупно 13.740MWh струја по вкупна цена од 4.918.933€.
За само 23 дена во ноември увезени се 87.970MWh струја за вкупна цена од 22.861.069€ или просечно секој MWh увезена струја граѓаните на Македонија го плаќале околу 260€.
Незнаењето и корупцијата продолжуваат и во првите 4 дена во Декември. За периодот од 1ви до 4ти декември АД ЕСМ ќе увезе нови 23.240MWh струја и истите ќе ги плати АВАНСНО (слика 1)!. Оваа набавка, граѓаните ќе ги чини за само 4 дена околу 8.000.000€ или просечно нови 2.000.000€ дневно.
Авансно плаќаат со народни пари за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!!, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.