Пет квартали по ред преработувачка индустрија е во минус во однос на производство, и никој во Владата не забележа дека нешто се случува. Што се случува? Имаме високи цени на струјата, го уништија ЕЛЕМ, 3300 гигават часови електрична енергија е задоволително производство за 2021 година, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во гостување на емисијата Отворено на ТВ 24.
Димитриеска Кочоска смета дека владата нема стратегија за енергетскиот сектор во државата, критикувајќи ги Димитар Ковачевски кој во изјава кажал дека во 2021 година имало најмало производство на електрична енергија бидејќи се случувале ремонти, потенцирајќи дека некој од многуте советници кој ги има Ковачевски требало да му кажат дека ремонтите се планираат месец по месец.
Значи не можам а да не реагирам, кога слушам приказна од владата дека помогнале. Па што помогнале? Каде се најмалку 1000 гигавати кои што имаат обврска, да ги снабдат да ги произведат, што се случува со енергетскиот сектор во Македонија. Ниту стратегија имаат, значи се правиме при очи слепи и не гледаме што се случува со ЕЛЕМ. Го слушам премиерот пред неколку дена, значи срамота е еден премиер кој што има еден куп советници да излезе и да каже имавме најмало производство на електрична енергија во 2021 година бидејќи беше предвидено за ремонти. Срамота, нема такви ремонти, бидејќи тие се планираат месец по месец, рече таа.
Според неа најголем виновник за проблемот со електричната енергија е во ЕЛЕМ и владата, бидејќи се случувале голем број на криминали, а владата не контролирала и сега се обидува сето тоа да го прикрие со изговор дека субвенционира електрична енергија.
Проблемот со електричната енергија во Македонија е најголема вина на ЕЛЕМ, а тука и владата бидејќи не контролира што се случува со ЕЛЕМ. ЕЛЕМ тоне, се случуваат корупции, криминали, непроизводство, неработење, и сега за сето тоа да го прикријат, ни прикажуваат нас дека они нешто субвенционирале, потенцираше Димитриеска Кочоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.