Бизнисот со нула вработени цвета. Тоа се фирми управувани од еден човек, најчесто газда кој не е пријавен како вработен, затоа што обично има и други фирми, па некаде му течат придонесите. Но, како што велат упатените, тоа може да биде и некое ангажирано лице со некаков менаџерски договор. Постојат дејности, како на пример, продажба на струја, каде што е лесно да се врти милионскиот бизнис со еден управител без вработени, Но, така може да функционираат и некои сосема мали бизниси. Едноставно, тоа го дозволува Законот за трговски друштва, анализира Pari.com.mk
И така, во државава се собрало едно сериозно друштво на фирми без вработени, кое брои дури 1.535 компании! Тие имаат вкупен приход од 41,9 милиони евра и чист профит од 5,2 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“ во соработка со Бизнис мрежа.
Повеќе на Pari.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.