Министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити вели дека во април во јавната администрација нема да биде исплатена минимална плата под законски загарантираната.

Ние сме во постојана комуникација со синдикатите. Законот кој треба да ја усогласи минималната плата веќе е во Парламент и според наши информации на 5 април треба да се гласа. Тоа го решава проблемот со минималната плата. Во однос на другите барања на синдикатите за покачување на платите на другите нивоа, ние како Влада и како МИОА, ја продолжуваме комуникацијата со нив и сме подготвени да го направиме тоа, меѓутоа, на најдобар начин и во најдобар тајминг за Владата и за државата – рече на денешната прес-конференција Алити.

Тој додаде дека до 15 април сите вработени во јавната администрација ќе добијат минимум 18.000 денари плата и оти никој нема да има плата под таа сума.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.