Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека за земјоделците нема пари, но министерот Љупчо Николовски дава 1.4 милиони за фирмите на Заев.

Тргопродукт, фирмата на Заеви доби 1.4 милиони евра грант од МЗШВ на Љупчо Николовски, во услови кога обичните земјоделци ги продаваат производите под цена или воопшто не можат да продадат затоа што нема откуп.

Ова е скандал, затоа што Љупчо Николовски беше и министер во владите на Заев, а Тргопродукт фирма на Заеви.

И додека Заеви ги бројат 1.4 милиони евра од Николовски, оризарите немаат пари затоа што уште не им е допродаден оризот, производителите на зелка не можат да ја продадат зелката, откуп скоро за ништо нема.

И Љупчо Николовски наместо да се ангажира за да обезбеди откуп, и да ги исплати субвенциите на земјоделците, тој се грижи како да ги грантира фирмите на Заеви.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени ваквите практики во земјоделието. По промената на власта владата ќе се насочи на помош и решавање на проблемите на вистинските земјоделци – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.