Со СДСМ животот е најтежок, народот нема пари ниту за леб, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За една година лебот, брашното, зејтинот и другите прехранбени продукти имаат раст на цените и за 100%.

Тоа што лани можело да се купи со 500 денари, сега не може да се купи ниту со 1.000 денари.

Правда нема. Нема правда за загинатите во Тетовската болница, за загинатите во случајот со Беса Транс. Нема правда за Тот, за младото момче од струмичко кое беше убиено пред неколку дена.

Системот не функционира.

Со СДСМ и ДУИ земјоделците се потешко преживуваат. Неможат да го продадат својот род, а нема со што ниту да ги прехранат семејствата.

Луѓе во ек на пандемија се соочува со колабирано здравство.

Во Македонија никогаш не се живеело полошо. СДСМ и ДУИ мора да си заминат. Избори час поскоро, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.