Вчера се случи неуспешен обид за вклучување на Блок 1 во РЕК Битола. Беше потрошен мазут, ангажирани луѓе во ноќните часови, потрошени повеќе од 1 милион евра народни пари за „планско“ вклучување, кое пропадна по само неколку часа, бидејќи Блок 1 беше веднаш исклучен од мрежа! пишува во Фејсбук статус на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

По бомбастичните најави дека само што не почнал да произведува РЕК Битола со два блока, па кај и да е за неколку дена ќе продолжи со ТРИ блока, односно со полн капацитет конечно ќе произведува електрична енергија, бомбата им пукна во раце! Уште еднаш се докажа дека повторно лажат бидејќи во техниката нема импровизации! Блок 1 не успеаа да го вклучат на мрежа, поради лошо направена санација непочитувајќи ги техничките прописи. Исто така при нестручната санација на котелот и скинати цевки при „планскиот“ испад на БЛОК 1 кој се случи пред неколку недели беше предизвикана дополнителна штета, односно испукале и други цевки во котелот на БЛОК 1. Неофицијално, покрај оваа дополнителна хаварија на котелот на Блок 1 дополнително поради нестручно вклучување на Блокот е предизвикана и штета на новиот трансформатор во МЕПСО што треба дополнително да го истражат одговорните органи. Уште еднаш се докажа неспособноста, криминалот и неспремноста на менаџерскиот тим на Електрани на Македонија кој со препишани соопштенија си ја префрлаа вината кој е одговорен за тоа што РЕК Битола работи со еден блок на мрежа на минусни температури и зголемена потрошувачка на електрична енергија. Дали се работи за смислено сценарио за испумпување на народни пари преку фирмите блиски на ДУИ и СДС за увоз на скапа струја која е поскапа од производната на Електрани на Македонија ?!? Прашуваат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш лагите за погонска спремност, извршени ремонти и набавени материјали се распрснаа како меур од сапуница. Јавноста е повторно сведок дека РЕК Битола е најголемата пералница на пари на оваа ненародна криминална власт. Во РЕК БИТОЛА наместо да се копа јаглен се ангажира фирма што заработува по 2600 евра на час за механизација. Во РЕК БИТОЛА се ангажираат заварувачи по 6.100 ден за час. Во РЕК Битола се купува увозен јаглен за кој мора да се купат дополнителни средства од 2.000.000 евра од позната книжарница од „добра пријателка“ на еден министер за да може тој јаглен да согорува, потенцираат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

На изборите на 8-ми мај граѓаните ќе стават крај на оваа ненародна криминална власт на ДУИ поддржана од СДС, а потоа сите кои се огрешиле пред законот ќе одговаараат за украдените народни пари, како и за уништување на електроенергетскиот систем на Македонија, додаваат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.