СДС ја има целата власт да ја раскине концесијата, исто како што ја споија, да престанат да го лажат народот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Исто како што ги споија концесиите за Иловица за потребите на ДУИ и Дестани, можат и да ги раскинат, суштината е тоа што СДС сака да манипулира, од една страна се договара со ДУИ, а од друга го манипулира народот.
Граѓаните од струмичко видоа дека СДС се лажни душегрижници. Владата на СДС гласаше за спојување на концесиите по налог на Бектеши и Али.
На прв план во СДС е бизнис интересот на ДУИ и ним блиските, затоа не се раскинати концесиите, ниту пак ќе ги раскинат, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е јасен ставот на Владата дека нема да има рудник ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија.
Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање, соопшти дека на следната седница на Влада повторно министерот за економија со сите документи од 2012 година, бидејќи, како што рече, не се работи само за една судска одлука, заедно со неговите стручни служби ќе ги информираат сите министри за понатамошната постапка.
СДСМ од прв ден бил против тие рудници и СДСМ и денес е против отворање на рудници кои што не ги сакаат граѓаните во нивните места. На следната седница на Влада повторно министерот за економија со сите документи од 2012 година, бидејќи не се работи само за една судска одлука, заедно со неговите стручни служби ќе ги информираат сите министри за понатамошната постапка. Меѓутоа, јасен е ставот и на Министерството за економија и на Министерството за животна средина и на претседателот на Владата дека рудник нема да има ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија, односно две концесии. Концесиите се дадени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. А рудници не се отворени благодарение на тоа што Владата на СДСМ води постапка да не се отвораат рудници, изјави Ковачевски, кој заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.