Растот на минималната плата без соодветен раст на останатите плати нема да постигне ефект на праведност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со растот на 18 илјади денари минималната плата безмалку ќе се изедначи со платите во многу одговорни и суштински дејности. Затоа сметаме дека одделенски наставник кој зема 25 илјади денари и возач на автобус кој зема 23 илјади денари, треба да земаат далеку повисока плата од минималната плата.
Исто така советник во некоја институција кој зема 24 илјади и помлад соработник со високо образование во одредена институција со 20 илјади денари согласно обврските и одговорностите треба да има плата која е повисока за одреден процент од минималната.
Вработените со ВСС во студентските домови како Виш соработник/ управник кој зема плата од 21.000 денари и Раководител на одделение со плата од 25.000, мора да земаат плата далеку повисока од минималната плата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека поради тоа, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е да се зголемат платите во државата согласно тежина и одговорноста на работата.
Тоа значи вистинска помош за граѓаните, а не извор на нови неправди.
Преку амандманската интервенција на Законот ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. СДСМ најмалку што може е веднаш да направи ребаланс на буџетот со кој ќе се зголемат и дотациите на општините од страна на Владата за целосно да се почитуваат правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.
Со СДСМ и пиунот Ковачевски не може да биде подобро, секогаш кога СДСМ е на власт државата се соочува со економски колапс. Секој ден поминат со нив на власт е се полош – велат од ВМРо-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.