Министерството за финансии продало парцела вредна 1.3 милиони евра, за само 4 илјади евра, дали разликата завршила во џебот на некој од власта?, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Парцелата која се наоаѓа спроти зградата на НИП Нова Македонија е на локација каде 1м2 градежно земјиште се продава по 2000 евра и повеќе.

Парцелата која ја продала власта е со површина од 663м2, цената која ја наплатиле од инвеститорот е 4.641 евра, што е за 1.322.000 евра помалку од пазарната вредност на земјиштето.

Имено доколку земјиштето се продало по пазарна цена од 2.000 евра, државата ќе се наплатела 1.326.000 евра.

Штета која некој од власта ја направил е 1.3 милиони евра.

Дали разликата од пазарната цена и цената која е платена за парцелата од 1.3 милиони евра завршила во нечиј џеб?, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.