Очигледно во СДС се уште не се разбудени од филмот во кој беа пред изборите.Таа партија заедно со нивните наредбодавци од ДУИ ја донесоа државата до состојба на банкрот, оставајќи повеќе јавни претпријатија повеќе од 3 месеци без плата, плаќајќи во ветар 240 милиони евра за автопат кој не е ни почнат, заглавувајќи во долгови профитабилни јавни претпријатија кои сега се задолжуваат пред банки и земаат кредити да сервисираат основни обврски, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Да ја потсетиме јавноста за госпоѓицата Лукаревска што таа направи да го придонесе овој хаос во државава, и што направи како составен дел од бандата на Заеви и нивниот хирург Филипче додека државата се пљачкаше бескурпулозно и се цицаа парите од граѓаните. Таа е дел од нивниот ментален склоп и од цела нивна историја и составен дел од сето зло што го направија на државата и народот.

Наместо празни прес конференции да држи Лукаревска, нека одговори на граѓаните која е нејзината улога во аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови. Можеби јавноста треба да се запознае дека целата оваа афера е во надлежност на поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска

Тоа е таа Лукаревска и наместо да се сокрие или да покаже разлика од нејзините ментори Заеви таа се сили за теми кои ем не ги разбира, ем придонела лично со несовесно работење да кулминираат како проблем во државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.