ЕСМ, кое всушност го презеде управувањето со БЕГ за снабдување на топлинска енергија, не ги нарачало потребните количини на гас од компанијата „Макпетрол“ за следниот месец, односно за октомври оваа година, пишува Фактор.

Откако „Макпетрол“ пред извесен период испрати допис до ЕСМ, во кој ги известува дека компанијата врз основа на годишнот договор со „Гаспром“ може да ги обезбеди потребните количини и за сите свои клиенти, како и за топлните Исток и Запад, со тоа што количините за наредниот месец треба да се платат до 20 претходниот месец, од ЕСМ му одговориле на „Макпетрол“ дека нив нема да им бидат потребни споменатите количини. Практично, тој одговор значел и дека Владата нема да ги плати потребните средства, што требаше да се случи до 20 овој месец, за да се набават потребните количини на енергенсот за следниот месец, односно октомври.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.