Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, гостуваше во четвртокот во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија и коментираше за тоа последиците од руско-украинската војна кои ќе се одразат директно на Македонија и земјоделците.
Николоски рече дека кога ќе се повлече некој чекор, треба да се гледаат последиците од тоа и да се наоѓаат решенија и рече дека голем дел од производството во струмичкиот регион завршувало на пазарите во Русија и Украина и сега тоа е невозможно дури и да нема санкции но не гледа и никаков ангажман на властите во Македонија други пазари на кои ќе завршуваат производите од македонските земјоделци.
„(Претседателот Стево) Пендаровски освен што филозофира ништо друго не прави, (премиерот Димитар) Ковачевски жив го нема да се појави. Јас не гледам ниту еден од клучните луѓе да прави било за праската која ќе стигне во Росоман да најде извоз и да најде пласман, за зелката која ќе стигне во струмичко да најде извоз и пласман, за црешата која ќе стигне во јули, август и септември да најде извоз и да најде пласман? Не гледам никакви активности ниту гледам мерки према земјоделците да се справат со очигледната криза која што доаѓа“, додаде Николоски.
Оцени дека секогаш кога ќе се одлучат на некои чекори мора да имаат и решенија бидејќи тоа што го прават, односно не го прават е крајна неодговорност на власта.
Истовремено, Николски посочи дека апсолутно се согласува да се даде хуманитарна помош на сите кои се соочуваат со тоа што се случува во Украина, да се помогне на бегалците чии што домови се уништени, но исто така запраша што ќе се прави со помош на македонските граѓаните за тешките денови кои доаѓаат.
„Веќе се чувствува со цените во маркетите, веќе се чувствува со тоа што одредени производи ги нема, а допрва доаѓаат големите проблеми. Гледаме во јавност дека дел од странските инвеститори ќе имаат проблем затоа што дел од репроматеријалите кои ги користат пред сѐ од Украина, тука нема никакви мерки, земјоделците ги споменав, млекарите ќе бидат исто така под удар, да не зборувам за поголеми производители кои што ќе им биде нарушен сега целиот ланец на достава, а тука секако е проблемите со електричната енергија која беше екстремно скапа и пред почетокот на војната во Украина а сега ќе оди уште погоре и основна причина што во Македонија има скапа електрична енергија пред сѐ за компаниите кои плаќаат до 500% поскапа електрична енергија од претходно е затоа што не се користи целокупното домашно производство, ане се користи целокупното домашно производство затоа што бандити и неспособни го водат енергетскиот систем“, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.