Една од заложбите на Владата е посветено да се работи и да им се помага на земјоделците.Затоа издвоени се 1 милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците.
Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата.
Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците.
Домаќинското и посветено работење на Владата ќе придонесе значајна поддршка за земјоделското производство.
На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците кои со својот труд печалат за себе и своите семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.