Владата на Република Македонија, на денешната 98-ма седница, го усвои Предлог Буџетот на Република Македонија за 2023 година, предложен од Министерството за финансии.

Буџетот на расходната страна е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари, приходите е предвидено дека ќе бидат 282,05 милијарди денари, а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари.

На седницата е усвоен и Предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2023 година.

Премиерот Ковачевски порача:

Предлог-буџетот за 2023 година се води според златното правило – капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит.

Во 2023 година, планираме рекордно ниво на капитални инвестиции од 795 милиони евра, или за 52,3% повеќе во однос на годинава, кои ќе бидат основа за забрзување на растот понатаму.

Догодина се очекува да се задржат позитивните стапки на економски раст од 2,9%, додека на среден рок растот ќе забрза и од 2023-2027 година во просек ќе изнесува 4,6%. Стапките на раст од 2025 година ќе забрзаат на посакуваните 5%.

Остануваме посветени и на: 1. Фискална консолидација. 2. Mерење на успешноста на политиките. 3. Раст на инвестициите. 4. Унапредување на фискалната децентрализација. 5. Постојано унапредување на фискалната транспарентност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.