Владата дозволи зејтинот да поскапи за 50 денари, народот се соочува со криза, истакнуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Зејтин од ист производител за период од неколку недели од 85 денари се покачи на 134 денари продажна цена во маркетите.

Покачувањето на цените на зејтинот е резултат на лошите политики на власта пред се. Доколку на време се обезбедеше суровина за домашните компании, се договореше увоз и квоти, како и да се фиксираа цените, но и да се наполнеа државните резерви, зејтинот ќе беше на цена како пред кризата.

Скапите цени се резултат на лош менаџмент од страна на власта.

Неспособноста на власта сега донесе поскап зејтин за 60%, поскапо брашно за 40%, поскап леб за 110%, поскапи горива за 70%.

И додека цените секој ден се сè повисоки, платите не се зголемија ниту еднаш.

Владата да се посвети на решавање на кризата и на реални мерки кои ќе донесат подобар стандард, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.