Нов увоз на струја и ново „херојско” грабање народни пари, алармира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За само 4 дена во декември, АД ЕСМ авансно ќе плати околу 6.000.000€ за увоз на струја. Дневно, авансно и „херојски” ќе потроши по 1.500.000 евра за увоз на струја.
Криминалот и неспособноста на „хероите” во владата за само 27 дена од 7 ноември до 4 декември оваа година ги чини граѓаните точно 28.719.253 евра.
Нема за студентски оброк но затоа има да се полнат џебовите на „хероите” во владата со пари од народот.
Авансно плаќаат со народни пари за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!!, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.