Во услови на светска криза и нарушувања на пазарот на храна и енергенски, донесовме сет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и спречување на ценовен шок, велат од Владата на Република Македонија.

Од Владата посочуваат дека државата има најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот.

Регулаторната комисија за енергетика ја следи состојбата на дневна основа и цената се определува врз основа на методологија којашто е пропишана, во однос на цената на нафтата и нафтени деривати. Промените на цената на енергенсите на светските берзи на дневна основа се резултат на светските случувања, пред сè воената агресија врз Украина, што влијае исклучително негативно и со далекусежни последици не само врз цената на енергенсите, туку и на цената на храната и останатите основни суровини, се вели во соопштението од Владата.

Оттаму додаваат дека заедно со ресорните министерства и институции континуирано ја следат состојбата и делуваат за зачувување на општата благосостојба во услови на светска криза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.