Денес во просториите на Владата на Република Македонија, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одржа состанок со бордот на Советот на Странски Инвеститори во Република Македонија во состав: Виктор Мизо, претседател – Костал, Боријан Борозанов – Џонсон Мети, Сашко Наков – Амфенол, Волфганг Мајер – ЕВН, Димитар Цветковски – Макстил, Марија Дуковска – Макстил, Ѓорѓи Тренковски – Теламон, Никола Љушев – Македонски Телеком, Димитрис Плакоуцис – Жито Лукс, Оливера Ѓуровска – Жито Лукс, Билјана Пеева-Ѓуриќ – Стопанска Комора на Македонија, Влатко Стојановски – Стопанска комора на Македонија.

На состанокот со новоназначениот борд на Советот на странски инвеститори од двете страни беше заземен став за продолжување на соработката и во наредниот период. Една од темите за која се разговараше беше воведувањето на минимален корпоративен данок на глобално ниво, и како нашата земја ќе ги следи и адресира овие глобални случувања. Оваа прашање е многу важно за нас поради фактот што нашата земја е препознаена од страна на странските инвеститори како добра дестинација за инвестирање, и нискиот корпоративен данок го има како една од нејзините компаративни предности.

Беше отворена и темата за унификација на правилникот за оправдани инвестициски трошоци, како и усогласување на висината на грантовите кои компаниите ги добиваат за новоотворени работни места, на што претседателот на асоцијацијата Мизо и Вицепремиерот Битиќи информираа дека има иницијатива преку која овие две критични точки ќе бидат надминати, и дека во скоро време Кабинетот на Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во соработка со сите надлежни министерства и други релевантни институции ќе излезе со конкретни предлог измени како на законски така и на подзаконските акти кои ја дефинираат оваа материја. Дополнително претставниците на Советот на Странски инвестиции побараа да бидат дел од работните групи кои работат на новиот закон за ТИРЗ затоа што истиот во најголема мера ги третира нивните членки кои работат во рамките на технолошко индустриските зони во Република Македонија.

Исто така од страна на Советот беше отворено прашањето за понатамошно хармонизирање на домашниот со царинскиот тарифник на ЕУ, на што Вицепремиерот Битиќи искажа целосна спремност истиот уште еднаш да се ревидира во насока на намалување на царинските стапки за оние суровини со кои ќе се зголеми конкурентноста на домашните компании, а тоа индиректно ќе значи поголема вредност за домашната економија и секако повисоки плати и нови работни места.

Членките на Советот уште еднаш го повторија и потврдија задоволството од воведениот модел на дуално образование, и изразија желба покрај овој начин на соработка на компаниите и формалното образование, истата да биде издигната на едно повисоко ниво каде со помош на Кабинетот на Вицепремиерот и Владата ќе може да се оствари соработка со факултетите и другите образовни институции преку која ќе се овозможи уште поинтензивно намалување на јазот помеѓу потребите за работна сила на компаниите и кадарот кој нашето формално образование го креира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.