Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука донесена од РКЕ минатата недела, цените на нафтените деривати во земјава се зголемија во просек за 1,01% .

Дизелот поскапе за 3 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за два денари. Цените на бензините и мазутот останаа непроменети.

Ова се актиуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.