Утре напладне се очекува да се оддржи редовната седница на Регулаторната Комисија за Енергетика на која ќе бидат утврдени цените на горивата за следните денови.

Деновиве нафтата од типот брент имаше осцилации, па сега изнесува 112 долари од барел во време кога доларот уште повеќе зајакна, па тоа може да донесе и ново покачување на нафтените деривати.

Моментално малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.