Mинистерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата.

Како што рече денеска на прес-конференција во Владата, кај шекерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување зашто веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи.

Бектеши не кажа конкретно на која цена ќе биде замрзнувањето, но извесно е дека тоа нема да биде денешната, туку од некој друг претходен ден во март.

Според него, моментно цените на јајцата во земјава се најниски во однос на другите земји од регионот.

Очекуваке цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија.

Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.