Унгарија во договор со Романија, Словачка и Бугарија ќе воведе забрана за увоз на жито од Украина доколку Европската Унија не ја продолжи забраната, која истекува на 15 септември, изјави денеска унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ. Барањето за продолжување на мораториумот за увоз на украинско жито е со цел да се заштитат своите пазари.

Во видео објавено на неговиот Фејсбук профил, Наѓ рече дека новата национална забрана ќе го прошири бројот на украински производи на кои ќе им биде забранет увоз.

Се договоривме со нашите романски, словачки и бугарски колеги дека, доколку Брисел не донесе одлука за продолжување на постојниот мораториум, тогаш поединечно ќе преземеме национални мерки, истакна тој.

Покрај Унгарија, еднострана забрана за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина најави и Полска.

Меѓутоа, бугарскиот премиер Николај Денков пред почетокот на владината седница изјави за бугарската државна новинска агенција дека е пожелно укинување на забраната за увоз од Украина бидејќи тоа ќе ги намали цените на основните прехранбени производи.

Да бидам јасен, обновувањето на увозот од Украина ќе ги намали цените на основните прехранбени производи, ќе ја намали инфлацијата, што ќе им помогне на луѓето со ниски приходи и ќе ги зголеми буџетските приходи од увоз и извоз, рече Денков.

Собраниската комисија вчера усвои предлог-одлука Бугарија да ја укине забраната за увоз на некои производи од Украина по 15 септември. Конечната одлука ќе биде донесена на пленарна седница на парламентот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.