Добро е што УЈП признава дека имало криминал со поврат на ДДВ, со којшто се испумпуваат пари од државната каса, но страшното е тоа што го признаа дури откако беше обелоденето од страна на ВМРО-ДПМНЕ, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање во врска со нафтените компании и нивната разработена шема за измами и за испумпување на пари од државниот буџет по основ на поврат на ДДВ, за која што прв информираше претседателот, Христијан Мицкоски и за која што денеска брифираше и директорката Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
И она што е важно прашање, вели Стоилковски, до кога објавување на криминал или за криминални случувања поврзани со власта, се вели дека е тоа загрозување на истрага?
„Да потсетам дека истото се случи, односно по објавување на криминал и со обвинувања за прекршување, односно нарушување на истрага власта настапи од случајот за модуларната, преку пасоши за мафијаши, па понатаму за Онкологија и редица други криминали во коишто е вмешана и одговорна власта. Вистинското прашање кое што треба да го одговори УЈП е, кои се тие фирми кои што се блиски СДС и до ДУИ, односно до власта, каде што завршиле овие пари? Се друго е замајување на јавноста“, рече Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.