Економско-енергетскиот совет на Владата вечерва одлучи на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на општините.
Советот, како што соопшти премиерот Димитар Ковачевски на вонредна прес-конференција, донесе и одлука со која сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската.
-Грижата за граѓаните и обезбедувањето здравствена заштита е императив на оваа Влада, рече Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.