Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, остварил средба со претставници на турска компанија која што произведува и преработува лешник и кондиторски производи.

Остварив работна средба со претставници на турска компанија, потенцијален инвеститор во Македонија, што произведува и преработува лешник и кондиторски производи. Се работи за компанија што има годишен обрт од над 40 милиони долари и своите производи ги извезува во 30 земји во светот, информира министерот Трипуновски на „Фејсбук“.

Тој додава дека претставниците на турската компанија ја претставиле својата бизнис инвестиција со посебен акцент во делот на откуп, производство и преработка на лешник со визија за да отворат фабрика за кондиторски производи.

Отвораме нови пазари за македонските земјоделци, заедно до стабилно и зголемено производство, наведува Трипуновски во објавата на социјалната мрежа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.